fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунарите тријат раце: Откупот завршува предвреме со рекордни 21 милиони килограми

Годинава тутунот достигна цена од 500 денари

Откупот на тутунот од ланската реколта ќе заврши најдоцна за 15-тина дена и е речиси месец и половина порано од законски предвидениот рок кој е до крајот на февруари. Истовремено, се очекува родот да тежи и за над три милиони килограми повеќе во однос на првично очекуваните количини кои се проценуваа на околу 17 милиони килограми тутун, велат од Сојузот на тутунски здруженија, објави alfa.mk

„На терен има уште околу 700.000-800.000, максимум до еден милион килограми тутун. Тој тутун се наоѓа во делот на прилепската општина, односно Долнени и Крушево, а во источниот дел веќе 90 посто е откупен тутунот“, – изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Поволните временски услови, проценката на родот без никакви одбитоци, како и зголемената откупна цена која заедно со субвенциите достигна до 500 денари по килограм тутун, се само дел од причините кои годинава ги зголемиле откупените количини тутун. Но, според тутунарите, и покрај тоа што ваквата состојба била поволна за нив, сепак тие велат дека за годинашната реколта ќе мора да се востановат построги правила при проценката и откупот.

Јас како тутунопроизводител со над 3 тони тутун, сум задоволен од оваа цена и од субвенциите значи, што ги најави Министерството….Ова не е откуп, значи. Треба со класи, со квалитет да се доплати, тој што има квалитет повеќе да му се доплати. Навистина, ваков откуп не е реален“, – изјави Џемал Назифоски, тутунопроизводтел од Крушево.

Од Сјузот на тутунски здруженија уверуваат дека македонското тутунопроизводство, после повеќегодишниот слободен пад, сега има реална шанса повторно да се крене на нозе. Затоа, тие веќе се влезени во преговори со сите инволвирани страни за престојната реколта да ја дочекаат целосно подготвени.

„Завчера имавме состанок со „Алијанса“. Начелно ги договараме начините на склучување на договори. Се’ уште за цени немаме почнато, меѓутоа, преокупација ќе ни биде цената и нема да дозволиме никако да биде пониска од годинашната цена и ќе одиме да се купува квалитетот, а не квантитетот. Ќе бараме, значи, стриктно примена на Законот на компаниите за купување на тутун“, – посочи Ристески.

Инаку, годинава тутунот достигна историски највисока откупна цена, односно 400 денари за килограм тутун прва класа и плус 100 денари субвенции за секое откупено кило.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close