fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Поскапуваат и бензините и дизелот

Цената на бензинот БС-95 се зголемува за 1,50 денари, а на бензинот БС-98 и на дизелот за еден денар

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови, повисоки цени.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), цената на бензинот БС-95 се зголемува за 1,50 денари, а на бензинот БС-98 и на дизелот за еден денар.

Па така, од полноќ новата цена на бензинот БС-95 ќе биде 79,50 денари за литар, бензинот БС-98 ќе се продава за 81,50 денари, а дизелот ќе чини 73,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ, од полноќ за еден денар поскапува и екстра лесното масло за домаќинство и тоа ќе се продава за 73 денари за литар.

За 0,426 денари за килограм се намалува цената на мазутот кој со одлуката на РКЕ од полноќ ќе се продава за 45,285 денари за килограм.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close