fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Администрацијата протестира – Протестираат и вработените во МЗШВ

Висината на платите на вработените во овие институции почнува од 25.010 денари

Вработените во министерствата за екологија, земјоделство, за дигитална трансформација, правда, култура, економија и труд, транспорт, Државниот завод за статистика и Архивот од денеска почнаа со протести. Во првата фаза ќе протестираат по половина час пред, а в петок ќе има едночасовен протест пред Министерството за финансии. Овие вработени бараат потпишување на Колективните договори преку кои ќе им биде овозможен додаток на платите од 30 проценти.

-Од изборот на новата Влада, досега остваривме средби со сите министри и заеднички со нив подготвивме предлог Колективен договор. Со нивна поддршка го доставивме до Министервтото за финансии и тоа пред донесувањето на Буџетот за 2025, но од неразбирливи причини за нас, МФ не одобри средства за потпишување на КД. Во моментот висината на платите на вработените во овие институции кои протестираат почнува од 25.010 денари, просечната плата е околу 29.000 денари, додека просечната плата во државата е 42.124 денари. Со додатокот од 30 отсто, кој го бараме, овие вработени би добие износ од 6.000 денари, но и покрај тоа тие ќе имаат пониски плати од просечните во државата. Ова наше барање е старо повеќе од 4 години, а за него штрајкуваме години наназад и досега ниедна Влада не го слушна нашиот глас. Иако не постои ниту законска, ниту уставна пречка, нашата намера не е да го оштетиме државниот Буџет, туку да најдеме средства за овој додаток во неговите рамки. Ќе протестираме секој ден од 11 до 11.30 часот, а во петок се селиме пред Министерството за финансии и тоа од 11 до 12 часот. Се надеваме дека нашите протести нема да бидат залудни и дека Владата ќе го слушне нашиот глас – објасни Трпе Деаноски, претседателот на Синдикатот на УПОЗ.

Деановски информираше дека вработените во Државните провобранителства кои протесираат добиле решенија за 40 проценти пониска плата.

-Во понеделникот имавме преговори со Државниот правобранител, но нема никакви поместувања. Ново е само тоа што вработените почнаа да добиваат решенија со кои им се намалуваат платите за 40 отсто за време на штрајк. Колегите од Тетово кои почнаа со штрајкот минатата недела, први ги добија овие известувања, а сега се спремаат и кај другите колеги – додаде Деаноски.

Министерството за финасии не даде дозвола за потпишување на колективните договори. Од УПОЗ тврдат дека вработените во овие министерства се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, дел од здравство, образование и финансии кои веќе го добија тој додаток.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close