Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Маж од Мусинци урлал по полноќ во Добрушево и бил агресивен кон полицајци
Го лишиле од слобода Ј.Н.(30) од с.Мусинци, битолско, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
СВР Битола соопшти – На 20.01.2025 во 00.30 часот во с.Добрушево, општина Могила, полициски службеници од Полициското одделение Новаци го лишиле од слобода Ј.Н.(30) од с.Мусинци, битолско, затоа што го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе следува соодветен поднесок.