Д-р Беќаровски открива – инсектицидот во македонската зелка има мала токсичност за луѓето
IMIDACLOPRID спаѓа во групата на неоникотиноиди и има мала токсичност за луѓето.
Неодамна македонската јавност ја потресе информацијата дека зелка со опасен инсектицид е запленета и уништена во Хрватска.
По тој повод се огласи д-р Нико Беќаровски кој даде свое стручно објаснување за инсектицидот.
„7 ФАКТИ ЗА #IMIDACLOPRID И “ОТРОВНАТА МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА” ОТКРИЕНА ВО ХРВАТСКА
Сите не возбуди веста дека голем контингент на зелка е запленет во Хрватска поради присуство на инсектицидот Имидаклоприд.
Веднаш ‘универзалните експерти” истрчаа со ставови колку и како нѐ трујат.
ФАКТИТЕ СЕ СЛЕДНИВЕ :
1. IMIDACLOPRID спаѓа во групата на неоникотиноиди и има мала токсичност за луѓето.
2. IMIDACLOPRID по препорака од EFSA (European Food Safety Authority) од јануари 2013 година потполно е забранет во ЕУ од 2018 година, ПОРАДИ ЗГОЛЕМЕНАТА ТОКСИЧНОСТ ВРЗ ПЧЕЛИТЕ.
3. Овој инсектицид врз луѓето има иста или помала токсичност како сите дозволени пестициди.
4. IMIDACLOPRID мора да го тргнеме од нашите полиња за да ги заштитиме пчелите, кои се поретко ги гледаме.
5. Јас лично повеќе би јадел зелка прскана со Imidacloprid, отколку прскана со етиол, децис, ланате, кои за жал се уште ги има во Македонија.
6.Нема научни докази дека Imidacloprid е канцероген за луѓето.
7. Во Македонија останаа премалку обработливи места со еколошки прифатлива почва и атмосфера“, напиша тој.
https://www.facebook.com/niko.bekarovski/posts/10231104404186978?ref=embed_post