fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Дејан Крстески – Ако откупувачите сакаат „молзен“ тутун, зошто Вие се буните?

Ценењето по класи во минатото се злоупотребуваше точно од откупувачите кои ценеа со една, две па и три класи пониско. Тоа резултираше со протести, незадоволства и смртни случаи на откупни пунктови. Да, нека ценат по класи, но третата класа нека биде најмалку 650 денари, втората најмалку 750 денари и првата најмалку 850 денари. Во четврта да биде само скапан и мувлосан тутун. Или нека биде се во прва класа по најмалку 650 денари за 2025 година.

Коментар на Дејан Крстески за состојбите во тутунопроизводството во Македонија и ценењето и откупот на тутунот.

1. Тутунот иако со рекордна откупна цена не ги достигна барањата на тутунопроизводителите од пред две години, 600 денари за произведен еден кг. сув ароматичен ситнолисен тутун.
2. Субвенциите од државата кои се исплаќаат на тутунопроизводителите се од профитот кој го остварува државата од нивниот производ, од тутунот, кој влегува во буџетот на Р.Македонија, а не од данокот на останатите граѓани на Македонија и сл.
3. Секој од откупувачите има право да откупува и тутун со поголема влага, со повеќе песок, со послаб квалитет итн. Кој ќе биде нивниот профит си знаат тие самите. А профит има штом има ефтина работна рака…
Многу тутунари се бунат зошто откупувачите го откупиле таканаречениот „молзен“ тутун или како што милуваат некои да го наречат „фурда”. Народе мој македонски, ако откупувачите го сакаат и тој тутун, зошто Вие се буните? Сепак и за тој да се собере некој работи. Откупувачите на секоја вага имаат ценач кој го превртува целиот тутун од пакетот и го цени. Што е тука спорно? Доколку некој шверцувал неквалитетен тутун, или манипулирал по некој основ, тогаш откупувачите веднаш ќе го пронајдат по име и презиме, зошто секој пакет има налепница на која стојат сите податоци.
3. Ценењето по класи во минатото се злоупотребуваше точно од откупувачите кои ценеа со една, две па и три класи пониско. Тоа резултираше со протести, незадоволства и смртни случаи на откупни пунктови. Да, нека ценат по класи, но третата класа нека биде најмалку 650 денари, втората најмалку 750 денари и првата најмалку 850 денари. Во четврта да биде само скапан и мувлосан тутун. Или нека биде се во прва класа по најмалку 650 денари за 2025 година.
За крај, постојат луѓе кој за материјални добра ветени или дадени, кој од завист кон најизмачените работници во Македонија, тутунарите, застапуваат интереси на олигарсијата и политичката партија…
Бог да ви даде здравје, долг живот и просперитет мој народе!
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close