fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Субвенциите во земјоделството – бунар без дно, пишува Дојче Веле

Државата помага онолку колку што може, но недоволно за да ни даде предизвик за да опстанеме со земјоделието“, вели за ДВ Петре Стојкоски

Речиси половина од најголемата житница во Македонија – Пелагонија последниве години не се обработува. Голем дел од нивите коишто во минатото беа посадени со жито, пченка и јачмен, сега се обраснати во трева и коров. Пелагонискиот и Североисточниот регион се најзагрозени – на земјоделските површини на кои порано се саделе јачмен и пченица, сега речиси воопшто не се произведува ништо, пишува https://www.dw.com/mk

Се намалуваат и земјоделските површини и приносот од засеани површини. Земјоделците се жалат на ниски откупни цени, несигурен откуп и пласман на земјоделските производи, немање на работна рака, незаинтересираност на младите за вклучување во земјоделското производство, обемни административни обврски кои им го скратуваат работното време, како и ненавремено исплаќање на субвенциите.

Тие се потешко се одлучуваат да вложат во модернизација и да го прошират производството, бидејќи не се сигурни дали ќе ги повратат инвестираните пари, или ќе западнат во долгови.

Па така, кај постарите опаѓа волјата за одгледување на земјоделски култури, а кај младите нема желба за работа на нива. Покрај тоа што нема интерес за одгледување на житните култури, се помалку се сади и тутун, иако се смета дека е една од најпрофитабилните култури во Северна Македонија.

Државата преку субвенции секоја година се обидува да го задржи интересот на земјоделците за да ги одржуваат нивите и да произведуваат доволно храна пред се за домашниот пазар. Но, и покрај тоа што државата одвојува 120 до 140 милиони евра годишно по основ на субвенции, се чини дека тие завршуваат во бунар без дно, а финансиската инјекција во пракса не ги дава посакуваните ефекти.  

„Државата помага онолку колку што може, но недоволно за да ни даде предизвик за да опстанеме со земјоделието“, вели за ДВ Петре Стојкоски, претседател на Асоцијација за земјоделци од Прилеп.

Субвенциите се добредојдени, но доцнат

Земјоделските субвенции функционираат веќе 17 години. Од буџетот за земјоделството за овие години се одлеани околу 1,5 милијарда евра. Оваа година се предвидуваат 7,2 милијарди денари (120 милиони евра) како поддршка за директни плаќања распределени во програмите за финансиска поддршка. Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година изнесуваше седум милијарди денари, во 2023 година – 6,4 милијарди денари, а во 2022 година – 3,6 милијарди денари.

Но, субвенциите се димензионирани на тој начин да претставуваат приходна страна на земјоделските семејства, а не да бидат развојни. Парите од субвенциите земјоделците најчесто ги користат за да платат сметки, да купат храна и облека, а многу малку за да воведат современи агротехнички мерки кои ќе ги направат конкурентни и ќе ја намалат цената на производство на земјоделските производи. За разлика од Северна Македонија, регионот – особено Албанија и Србија, забрзано се развиваат во поглед на земјоделското производство, со оглед на тоа дека субвенциите се развојни, а не доходовни.

„Еден земјоделец во зависност од културата којашто ја сади, еве конкретно за пченица, на еден хектар добива субвенција од 200 евра од државата. За некои култури има повеќе, а за некои помалку средства. Преку Програмата за рурален развој и Министерството за земјоделство, точно се знае за која култура колку субвенции следуваат и врз основа на тоа секој може да го планира сопственото производство“, посочува Лилјана Јоноски.

Целиот текст на https://www.dw.com/mk

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close