fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Потерница по маж од Горно Оризари кој својата партнерка ја држел затворена во Нижеполе и ја тепал

Обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд куќа во атарот на селото Нижеполе.

Основното јавно обвинителство Битола поднесе обвинение против 40-годишник кој се товари за – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и став 1, како и Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21 октомври 2024 година, обвинетиот при семејно насилство и на свиреп начин противправно на сила ја држел затворена својата поранешна партнерка во викенд-куќа во атарот на селото Нижеполе. Притоа ја удирал со тупаници, шлаканици и клоци по главата и телото, ја влечел за косата и телесно ја повредил. Неможејќи да го издржи насилничкото однесување, жртвата посегнала по нож и си ги пресекла вените на левата рака. И покрај тоа, обвинетиот продолжил да ја удира и да ја малтретира.

Од самиот почеток на кривичната постапка, по предлог на јавниот обвинител, на обвинетиот му е определена мерка притвор која треба да започне да спроведува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода. Со поднесеното обвинение сега, обвинителството бара притворската мерка да опстои, иако лицето се уште е недостапно за органите на прогонот. Исто така, јавниот обвинител веќе има издадено наредба за распишување на национална потерница и ги презеде сите дејствија неопходни за евентуална екстрадиција на лицето доколку се утврди дека се наоѓа во друга држава, соопшти денеска ОЈО Битола.

 

 

Претходно објавивме дека – девојка на 24 години од Битола посегнала по својот живот по свирепото насилство од нејзиниот поранешен партнер. Насилникот ја зел од дома, ја тепал во автомобилот, ја заклучил во вила во Нижеполе во Потпелистерието, а таа посегнала по својот живот и си ги исекла вените од левата рака, но насилникот не запрел и продолжил да ја удира.

Од Битолската клиничка болница тогаш потврдија  дека пациентката побарала лекарска помош, но не била хоспитализирана.

Оштетената не можела повеќе да го издржи ваквото негово насилничко однесување, „па посегнала по нож од кујната со кој си ги исекла вените на левата рака“. Но, осомничениот продолжил свирепо да ја удира, нанесувајќи и повеќе телесни повреди.

Неофицијално се дознава дека жената работела во МВР.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close