
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Утрото студено, преку денот сончево
Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.
Утрото студено со услови за појава на утринска магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје студено со услови за појава на слаба магла, преку денот претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Продолжува период на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.