![](https://zelenaberza.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/298734717_5550185808371887_1371657932431593110_n-780x470.jpg)
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
До среда ќе продолжи периодот на стабилно и суво време
Од ноќта кон среда од запад ќе започнуваат врнежи од снег и понекаде од дожд.
Утрото студено со услови за слаба магла во котлините, преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До среда ќе продолжи периодот на стабилно и суво време, во најголемиот дел од земјата со негативни утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла. Од ноќта кон среда од запад ќе започнуваат врнежи од снег и понекаде од дожд. Ќе се создаде снежна покривка особено во западните и северните делови, а постојната значително ќе се зголеми.