
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Денеска облачно, од следната недела врнежи од дожд и снег
Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална појава на краткотраен дожд.
Умерено до значително облачно. Претежно во југозападните региони ќе има повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.
Во Скопје, претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за локална појава на краткотраен дожд. Во почетокот на новата работна седмица времето ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во некои од пониските места со врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.