fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

10.000 помалку барања за земјоделски субвенции од 2018 година досега

Во 2018 година вкупниот број на баратели на субвенции бил 70.312, а во 2024 година Агенцијата имала вкупно 60.566 баратели.

Податоците за субвенционирањето од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го отсликуваат падот на земјоделското производство кај нас. Од 2018 година досега бројот на барања за субвенции се намалил за речиси 10.000. „Макфакс“ ги побара бројките на поднесени барања за земјоделски субвенции од 2007 година наваму откога беа воведени, но Агенцијата ни ги испрати бројките само за последните седум години.

Во 2018 година вкупниот број на баратели на субвенции бил 70.312, а во 2024 година Агенцијата имала вкупно 60.566 баратели.

Некои од пристигнатите барања секоја година се одбиваат.

„Бројот на одбиени барања е од 3 до 6% од вкупниот број поднесени барања, од кои 1-2% се целосни, а другиот дел делумно се одбиени само за една или повеќе подмерки“, велат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството.

Причини за одбивање на барањата се утврдена неусогласеност на податоците во барањето со податоците од контролите на самото место или податоците од регистрите и евиденциите што ги водат надлежните органи. Меѓу одбиените што барале субвенција од обработлива површина често имало и такви на кои им била откриена непосеана површина, пријавена друга култура, необработено земјоделско земјиште, неизвршени агротехнички мерки, број на растенија или површина под утврден минимум или погрешно исцртани парцели во системот за идентификација на земјоделските парцели.

Најчестите причини за одбивање на барањата за субвенции кај одгледувачите на животно, пак, се наодите дека делумно или целосно животните не се чувани до утврдениот период за задолжително чување, делумно или целосно животните не се пронајдени на одгледувачницата при вршење на контролите, непријавено намалување во утврден рок, непронајдени податоци во регистарот на животни или непотврдени од страна на овластени ветеринарни друштва.

Макфакс

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close