
Без категорија
Тутунот почна да се цени по класи и да не им се откупува на тутунари, реагираат производители од Пелагонија
Тутунарите на нова мака, на една недела пред крајот на откупот на тутунот
-Тутунопроизводителите кои чесно го работат тутунот пред да ги предадат последно набраните количини и се потрудија да ги исушат квалитетно, се соочуваат со ценење по класи дури и со враќање и неоткупување на тутунот, за разлика од оние кои од нива зелен го предадоа во почетокот на откупот во прва класа.
Реакции пристигаат од голем број тутунопроизводители кои се уште имаат тутун и стравуваат дека нема да им се откупи до крајот на откупот кој завршува на 28 февруари, велат тутунари од Плегонија за „Зелена берза“.
Фотографиите ни ги испратија тутунари ккао доказ за ова што го тврдат.