fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мицевска: Со директна поддршка за земјоделците и сточарите до стабилизација на агросекторот

Владата за 2025 година издвојува високи 180 милиони евра финансиска поддршка за земјоделието

Верче Мицевска, Национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика при Владата на Р. Македонија вели дека Влада има план и визија за целосна ревитализација на земјоделските политики.

-За таа цела Владата за 2025 година издвојува високи 180 милиони евра финансиска поддршка. Овој месец во Службениот весник излегоа уредбите и Програмата за поддршка во земјоделието за 2025 година каде што најтранспарентно граѓаните можат да проверат дека навистина големи средства се одвојуваат во овој сектор“, вели Мицевска.

Во овој контекст, таа посебно ја извојува директната поддршка во растителното и сточарското производство, понатаму паричната помош од 8000 денари по женско грло говеда, зголемените субвенции по литар млеко коишто достигнуваат до седум денари по литар, 6000 денари за одгледано, продадено или пак во кланица однесено животно како и финансиска помош за складирање на житните култури, за набавка на гориво за земјоделската механизација.

Мицевска се осврна и на потенцијалот кој нашата држава го има во производството и понудата на безбедна, квалитетна и конкурентна храна на домашниот и на светските пазари, како и на плановите и реформите кои Владата ќе ги преземе во таа насока.

„Една од реформите ќе биде формирање на една нова Агенција за управување со земјоделското земјиште којашто истото ќе го доведе во насока да припадне кај оние коишто сакаат да се занимаваат со земјоделство. Друга област во којашто ќе посветиме внимание е промоција на органското производство бидејќи навистина Македонија има потенцијал за органско производство и можеме да бидеме препознаени по органски производи, потоа изградба на центри за складирање и дистрибуција на земјоделски производи. Исто така имаме реформи во однос на загарантиран откуп и загарантирани цени за откупот на земјоделските производи“, појаснува Мицевска.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close