
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно со сончеви периоди
Студот попушта, утрово -2°C во Берово до 4°C во Охрид.
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на променливо облачно време со услови за појава на утринска магла по котлините. Локални врнежи од дожд ќе има од четврток, а поради продор на постудена воздушна маса од север во недела на планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег.