fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Киро Ристевски го нарече шарлатан Ѓорги Каракашев

Разни шарлатани ги манипулираат и замајуваат тутунарите за некои ситни политички поени како што правите вие

Киро Ристевски-Претседател на Сојуз на тутунопроизводители му одговори на прозивките на Ѓорги Каракашев, претседател на Нациналната земјоделска мрежа, откако го критикуваше zelenaberza.com.mk  Сојузот на Ристевски за откупните цени на тутунот за новата реколта .
 Во коментар на Фејсбук Киро Ристевски рече дека Каракашев млати празна слама.
Почитуван Каракашев!
Долго време ве следам на медиуми како ширите демагогија и си преземате заслуги за работи за кои ни имате знаење ни сте имале можност да ги реализирате а зошто тоа го правите само вие си знаете но едно е сигурно дека најмалку се работи за интересот на тутунарите.
Јас,не сакајќи да дебатирам со вас преку медиуми досега и не ви обрнував внимание но веќе ако е и од вас-премногу е.
Имено
Во вашиот последен коментар во врска со понудените цени вие поставивте неколку прашања и констатации кои се скроз погрешни и на кои јас лично ќе ви одговарам и со тоа ќе ја завршам тука оваа јавна преписка:
Како прво: измените на законот за тутун веќе се во процедура и ќе бидат донесени, а да бевте запознати со процедурите за измени на законите тогаш сигурно ќе знаевте дека тоа не е ни брза ни едноставна процедура.
Второ:Просечната откупна цена и субвенцијата се зголеми поради активностите на Сојузот и ресорното министерсто заедно со министерот а не поради демагогијата на неколкумина предводени од вас.
Трето: Сојузот ни бил ни ќе биде марионета се додека јас сум претседател на истиот и интересите на тутунарите секогаш ќе бидат на прво место, а не вашата дематогија и самобендисаност.
Четврто:За ваша информација борбата за добробитта и проблемите на тутунарите Сојузот ќе ја издигне на највисоко ниво организираќи состаноци како со директорите на Мајките-фирми на откупувачите кои се во Македонија така и на состаноци од највисоко ниво и со откупувачите на готовиот тутун.
И петто: Никогаш ама никогаш нема да дозволам да разно разни шарлатани ги манипулираат и замајуваат тутунарите за некои ситни политички поени како што правите вие.
И само за крај
Ве молам излезете од филмот во кој сте влезени вие и тие неколкумина со вас бидејќи на тутунарите им требаат вистински решенија на проблемите а не луѓе кои што млатат празна слама.
Со почит
Дипл.Агроном Киро Ристевски-Претседател на Сојуз на тутунопроизводители.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close