fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

СДСМ контра Трипуновски: ВМРО-ДПМНЕ целосно ги разочара земјоделците

ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвенциите кај кравите, велат од СДСМ

СДСМ смета дека во изминативе осум месеци Владата на Христијан Мицнкски и ВМРО-ДПМНЕ целосно ги разочарала земјоделците и ги оставила сами.

-Трипуновски покажа како може да се блокира откупот на ориз кој, како никогаш досега, остана неоткупен со одземање на лиценци за откуп на фирмите. Излажа дека ќе воведе мерка која ќе се однесува на откупувачите и за 1.000 килограми откупена и извезена оризова арпа откупувачите ќе добијат 6.000 денари. Досега нема таква мерка.

Покажа како се блокираат законите во Собранието, а преку измените во овие  закони за земјоделство ќе се овозможеше поголема финансиска поддршка на земјоделските задруги.

Високите цени во лозарството се заслуга на СДСМ, со донесениот нов закон за виното.Факт е дека сите програми и политики кои ги критикуваа ДПМНЕ и Трипуновски како опозиција додека денес полни им се устите како нивно достигнување. Тоа земјоделците најдобро го знаат.

ДПМНЕ зборува за развој на сточарството а ги намали субвенциите кај кравите од 12.000 дена по крава на само 8.000 денари. Со ДПМНЕ на земјоделците им е само полошо.Едно е јасно а тоа дека ДПМНЕ ниту знае ниту има развојна програма за развој на земјоделството, порачаа од СДСМ отркако Трипуновски рече дека негативниот тренд во земјоделството почнал од 2017 година и дека од извозник сме станале увозник на храна благодарејќи на СДСМ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close