fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Сашо Дранго не е веќе заменик директор на „Македонијапат“

Од денеска на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.

Демирхисарецот Сашо Дранго не е веќе заменик директор на „Македонијапат“ , од денеска на негово место е назначен Александар Шуковски, економист од Ресен.

Дранго за „Независен“ на  СМС порака дали е разрешен напиша дека само му завршил договорот во „Македонијапат“ .

„Не ме сменија, имав договор на шест месеци и ми заврши договорот“, изјави Драго за „Независен“.

Сашо Дранго, на почетокот на јануари  ја разбранува јавноста по објавувањето на  фотографија од здружението „Анима Мунди“ на која тој позира со  отепана мечка и  оружје в рака. По ова во истиот ден ОЈО Битола отвори предистрагата, кој се уште трее.

Веста за смената на Дранго всушност ја објави Шуковски кој се порадува на ново работно место и за функцијата му се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close