fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Трипуновски им честита 8 Март на земјоделките од Прилеп

Вашата макотрпна пожртвуваност и работа се клучни да произведуваме домашна, здрава и квалитетна храна.

Министерот Цветан Трипуновски денска е меѓу жените од руралните средини во Прилепско со цел да им го честита Меѓународниот ден на Жената 8 Март.
-Денес во Прилеп по повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март ги посетив жените од руралните средини.
Драги дами, Вие сте столбот во нашето општество, вашата макотрпна пожртвуваност и работа се клучни да произведуваме домашна, здрава и квалитетна храна.
Вашата работа нема определено работно време, вашата работа е од утро до мрак, посветувајќи се на производството на храна.
Вие сте иновативни во земјоделството, имате чувство како да се развие локалната економија и секојдневно допринесувате во македонското општество.
Нека ви е честит 8 Март, нека ви е исполнет овој и секој ден со радост, успеси и сила.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close