
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Сончево и топло. До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури над 20 степени
МЕТЕО АЛАРМ Денес ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта ќе има локален пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од југоисточен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има повремен пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h). Утре од попладневните часови до четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено во ноќните часови кон четврток. Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и сабота, а во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.