
Почна изградбата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“
Oвој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи – од едната и од другата страна на границата, а таквите примери се позитивни и за двете држави.
Почна изградбата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“. Според премиерот, Христијан Мицкоски, овој граничен премин е само уште еден чекор кон поврзување на двете Преспи – од едната и од другата страна на границата, а таквите примери се позитивни и за двете држави.
Во таа насока, како што рече Мицкоски, треба и понатаму да се градат односите, да се поврзуваме, затоа што само на тој начин можеме да бидеме во оптиката на поголемите држави.
„Што се однесува до самиот настан денес, јас покрај ова што денес го отпочнуваме, изградбата на овој граничен премин, сум и во Ресен, заедно со градоначалникот, заедно со луѓето од Ресен, да посетиме неколку проекти коишто се резултат од работата на администрацијата, на градоначалникот. Навистина импресивно, и даваме поддршка за сето ова коешто се случува. Инаку, што се однесува до техничките карактеристики, инвестицијата и сето останато поврзано со изградбата на овој граничен премин, ќе ми дозволите да се заблагодарам на Европската Унија, на УНДП, на општините коишто се опфатени-четири општини, две од Албанија, една од соседна Грција и една од кај нас Ресен, нормално“, изјави Мицкоски.
Тој очекува набргу од денес и свечено биде пуштен во употреба овој граничен премин.