
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Денес локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне
Минимална температурата утрово е во интервал од 2°C на Попова Шапка до 14°C во Кавадарци и Демир Капија.
Променливо облачно со локални врнежи од дожд и грмежи. Процесите ќе бидат поинтензивни претпладне во источните делови каде ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд (20 л/м2), силен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер. Претпладне ќе има пороен дожд и грмежи.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во петок и во сабота во текот на денот ќе има преодно стабилизирање на времето. Во недела и понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ветерот ќе го смени правецот во северен, што ќе предизвика опаѓање на дневните температури (за 7 до 10 степени).