fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

МВР официјално потврди: 51 лице загинаа во пожарот во Кочани и над 100 се повредени

Искри од пиротехника што се употребувале за светлосен ефект се причина за трагедијата во Кочани, потврди министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој официјално потврди дека до сега има 51 загинато лице и над 100 повредени.

Според последните информации на МВР, животот во трагедијата во дискотеката во Кочани го загубиле 51 лице, а повеќе од 100 се пренесени на лекување во болница, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, од Кочани. Како што појасни тој, во врска со настанот има и приведени лица.

Пожарот, како што рече Тошковски, е последица на искри од пиротехника употребена за светлосен ефект.

„Во моентот најверојатно искрите го зафатиле таванот кој бил дел од лесно запалива материја, брзо се прошитил и се создал густ чад“, рече Тошковски.

„Со длабоката тага ја известувам јавноста дека до сега животот го изгубија 51 лице, повеќе од 100 се во болница. МВР ги презема сите мерки за утврдување на одговрност“, рече Тошковски.

Министерот најави редовни прес конференции за споделување на нови информации со јавноста.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close