
Големите разлики на температурите може негативно да влијаат кај земјоделските култури
Можен ли е температурен шок кој што може да ги оштети прелажаните дрвја што веќе се расцветани.
Честите промени на времето и големите разлики на температурите може негативно да влијаат кај дел од земјоделските култури. Од почетокот на мерењата на температурите во Македонија за прв пат се забележува толку висока температура за овој период. Можен ли е температурен шок кој што може да ги оштети прелажаните дрвја што веќе се расцветани. Луѓето кои што се занимаваат со земјоделство велат дека врнежите од дожд би биле добри, но наглата промена на температурата може да им направи штети.
И кога денеска имаме температура некој степен под 30 – тиот од управата за хидро метеоролошки работи со најава за слободен пад на живата во термометарот за следните денови. Според нивните прогнози се очекува од вторник на повисоките места ќе врне снег. Генерално во деновите пред нас низ Македонија ќе има променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Што се однесува за температурите за неделата пред нас минималите ќе се движат од -9 до 8 додека пак дневните во интервал од 2 до 21. Најладно ноќе ќе биде во четврток додека пак најтопло преку ден ќе биде понеделник.