
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Утрото студено, преку денот претежно сончево
Во Берово утрово најстудено со измерена минимална температура од -9 °C. Во Скопје -З и во Виница температурата се спушти до -2 °C.
Утрото студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претежно сончево со слаб северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Утре и во петок времето ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни. Од сабота облачноста ќе се зголеми, а во недела кон крајот на денот и во првите денови од следната седмица се очекуваат локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.