fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Познатиот физиотерапевт Илија Жежов организира бесплатна физиотерапија за повредените од несреќата во Кочани

Повик од Жежов до колегите, да помогнат за повредните од несреќата во Кочани! - Заедно со целиот тим ќе им овозможиме целосна здравствена бесплатна ФИЗИОТЕРАПИЈА на повредените лица во несреќата во Кочани. Целосната рехабилитација ќе ја спроведеме веднаш штом лицата бидат пуштени на домашно лекување. Колеги и колешки, да направиме едно убаво дело, ајде верувам во вас и знам дека можеме сите заедно!, повикува Жежов. Пријавете се кај физиотерапевтот Илија Жежов на следниот телефон 078 220 785

Човекот кој често знае да направи убав хуманитарен гест е познатиот битолчанец – физиотерапевтот Илија Жежов. Овој пат Жежов ги повикува колегите физиотерапевти да бидат единствени и солидарни и да понудат бесплатна здравствена физиотерапија за повредените лица од големата несреќа во Кочани, во делот на рехабилитацијата.

Битолчанец – физиотерапевтот Илија Жежов испраќа хумана порака до своите колеги физиотерапавти.

-Драги колеги и колешки! 
Од утрово правам целосна организација да составам тим од 50-сетина, па и повеќе физиотерапевти.
Заедно со целиот тим ќе им овозможиме целосна здравствена бесплатна ФИЗИОТЕРАПИЈА на повредените лица во несреќата во Кочани. Целосната рехабилитација ќе ја спроведеме веднаш штом лицата бидат пуштени на домашно лекување.
Колеги и колешки, да направиме едно убаво дело, ајде верувам во вас и знам дека можеме сите заедно!, повикува Жежов. 

Пријавете се кај физиотерапевтот Илија Жежов на следниот телефон 078 220 785 

Извор https://apla.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close