
Двор и градинаЕкологија
Трипуновски порачува -Не ги оставаме на милост и немилост земјоделците од Росоман
Измерени температури од -8 Целзиусови степени направиле голема штета на овошките во Росоман.
Не ги оставаме на милост и немилост земјоделците од Росоман и околината.
Ќе ги забрзаме процесите за обештетување на посевите од замрзнување на повеќе култури како што се праска, кајсија, дуња, цреша и други, порача министерот за земјоделие Цветан Трипуновски.
Министерот вели дека на 20-ти месецов на двете мерни станици над населено место Рамниште – Росоман и Чаир – Росоман биле измерени температури од -8 Целзиусови степени кои за жал направиле голема штета.
-Заедно со Даниела Иротова (Претседател на владината комисија за проценка и утврдување на висината на штета од природни непогоди) ги информиравме земјоделците за процесот и постапките кои треба да ги превземат општините преку општинските комисии за увид и процена на штета.
Во рамки на процедурата општините ќе објават јавен повик на кој ги повикуваме сите земјоделци да ја пријават настаната штетата, вели министерот .