
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер
До петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд.
ВРЕМЕТО во вторник: Променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер. Попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне и во вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и засилен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: До петок ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Во попладневните и вечерните часови локално ќе биде нестабилно, со пороен дожд и грмежи наместа во форма на краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време над 15 л/м2) и засилен ветер. Во сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела се очекуваат нови врнежи од дожд.