
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Продолжува периодот на променливо облачно време, поголемо заладување од недела
Дневните температури од 7 до 18 степени
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд и со ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд и со услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Среда и во четврток ќе има изолирана појава, а од петок на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од недела температурите ќе бидат во опаѓање.