
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утринските температури до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а деновите во постепен пораст.
Утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно, ветровито и потопло време со утрински температури кои до среда на повеќе места ќе бидат негативни, а во деновите потоа во постепен пораст.