fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски најави анализа и ако треба корекција на основот за субвенција кај јагнињата

Ја следиме состојбата и по завршување на откупот, наредниве денови ќе направиме анализа.

Во однос на реакцијата на сточарите дека се намалуваат нивните стада со Програма според која  секој фармер треба да има минимум предадено 50% од јагнињата за да може да биде корисник на основната мерка, министерот Цветан Трипуновски рече дека ќе се направи корекција.

– Ја следиме состојбата и по завршување на откупот, наредниве денови ќе направиме анализа. Ги уверувам фармерите дека секогаш ќе бидеме на нивна страна и ако треба да направиме некоја корекција во делот на Програмата, сигурно ќе ја направиме – нагласи тој.

Тој додаде дека во текот на вчерашниот ден на околу 4.500 млекопроизводители им се исплатени субвенции за цела 2024 година.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close