fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

АХВ спровела 617 контроли, уништени 1.740 килограми небезбедна храна

Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спровела 617 вонредни контроли

Агенцијата за храна и ветеринарство пред Велигден спровела 617 вонредни контроли при што уништени се 1.740 килограми небезбедна храна.

При контролите утврдено е дека 16 оператори не ги задоволуваат хигиенските барања за безбедност на храната и техничките услови во објектите, а четири оператори не ги спровеле задолжителните здравствени прегледи на вработените или тие имале санитарни книшки со истечен рок на важност.

Пет од операторите не биле регистрирани како оператори со храна во АХВ, а кај осум биле пронајдени несоодветно означени производи.

– За утврдените недоследности кај различни категории оператори со храна, издадени се 44 решенија за нивно отстранување. За пуштање во промет на небезбедна храна и утврдени недоследности од поголем обем, изречени се и 30 парични казни во износ од 25 400 евра во денарска противвредност- информира АХВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close