fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Денеска настан од проектот „Конкурентни земјоделски задруги“ – „Business-to-business“

На настанот се предвидени презентации од успешни задруги и нивните искуства

Македонската асоцијација на земјоделски задруги во рамки на проектот„Конкурентни земјоделски задруги“ финансира од Европската унија, денеска организира настан „Business-to-business“.

Целта на настанот е да ги промовира земјоделските задруги, да ја истакне улогата на задругите во јакнење на земјоделството, како и да отвори простор за вмрежување, споделување искуства и воспоставување нови партнерства меѓу различни чинители од агро-секторот.

На настанот се предвидени презентации од успешни задруги и нивните искуства, презентации на постигнатите резултати на проектот „Конкурентни земјоделски задруги“, на можностите за соработка со ланци на маркети, компании преработувачи, донатори и други партнери, а ќе има и изложбен простор со производи од земјоделски задруги.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close