
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд
Моменталната состојба според радарската слика на појава на слаби до умерени врнежи во Македонија. Во планинските предели имаме и појава на ретки грмежи.
ВРЕМЕТО УТРЕ: Променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со изолирана појава на град.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ:Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локални врнежи од дожд и грмежи. Утре наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (за кратко време поголема количина), грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Во четврток во западните делови ќе дува засилен ветер од југозападен правец.