
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Демирхисарската полиција уапси дилер од Ракитница, претрес во село Обедник, пронајдено оружје и муниција
Два претреси денеска во демирхисарско, лишени од слобода две лица
Два претреси денеска во демирхисарско, за дрога и оружје, лишени од слобода две лица
Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.Ш.(33) од Битола, со привремено живеалиште во с.Ракитница,демирхисарско . Врз основа на наредба од Основен суд Битола, извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.Ш. во с.Ракитница, при што биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, дигитална вага, воздушна пушка и дијаболи.
По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска (14.05.2025), полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Демир Хисар заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Демир Хисар го лишиле од слобода М.С.(62) од с.Обедник, демирхисарско. Врз основа на наредба од Основен суд Битола извршен бил претрес во домот и помошните простории кои ги користи М.С. во с.Обедник, при што биле пронајдени и одземени четири пушки, еден пиштол и 158 куршуми различен калибар. По целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.