fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

За Гоце Кебакоски од прилепското Кадино Село тутунот е најисплатлив за садење

Лани имав засадено 3 декари, а годинава се 15 декари со тутун, вели Гоце

Младиот тутунопроизводител Гоце Кебакоски од прилепското Кадино Село, годинава за петпати го зголемил производството на тутун и смета дека е најисплатлива земјоделска култура.

„Лани имав засадено 3 декари, а годинава се 15 декари со тутун. Сметам дека во моментов со цената и со субвенциите е најисплатлива земјоделска гранка. Од 15 декари очекувам производство од три тона и сметам дека релативно младите земјоделци главно се решаваат за тутунопроизводство“, посочи Кебакоски.

Најавени се измени во Законот за тутун во полза и на производителите и на откупувачите. Подготвена е предлог законската верзија со измените. Се очекува владината поддршка, велат од Сојузот на земјоделски здруженија.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close