
Екс министерот Николовски до Трипуновски: Не ги спроведувате ни постоечките програми, а за нови ќе почекаме
Николовски обвини и за лоша реализација на ИПАРД 3
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство и актуелен пратеник од редовите на СДСМ, Љупчо Николовски на денешната собраниска седница ја обвини Владата и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дека нема нови мерки и програми во земјоделството, дека тие не се објавуваат навреме, како и оти нема нити еден реформски закон од оваа област.
Тој поставувајќи пратенички прашања обвини и за лоша реализација на ИПАРД 3, а побара и одговори од актуелниот министер Цветан Трипуновски кога мисли да ги објави програмите за зелена нафта и здрав оброк за децата во училиштата и градинките. Нема, рече, ништо ново во оваа измината година, а и она што минатата влада го спроведуваше доцни или не се спроведува како што треба.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски одговарајќи му на Николовски, рече дека од таканаречените успешни политики што ги оставила минатата влада, а сегашната не успева ниту да ги спроведе, наследиле катастрофа и оти се гледа од статистиките кои, како што рече говорат за неуспешното работење,
– Да потсетам ВМРО-ДПМНЕ наследи програма за субвенционирање и дирекно плаќање од која огромни средства не беа исплатени кон земјоделците иако вие се обидувавте да објасните дека тоа се прави тековно, рече Трипуновски, додаде дека наследиле претпријатија под надлежност на МЗШВ кои немале исплатено повеќе плати, немале вработените ниту здравствено и пензиско осигурување, лоша состојба на системите за наводнување, рече министерот.
Тој побара од Николовски да каже еден сегмент, една земјоделска култура која бележи раст, каде има добра цена, загарантиран откуп и задоволни земјоделци, а како што рече, сигурен е оти такво нешто нема. Вие креиравте популистички мерки добри за служење а лоши за спроведување и немаат ефект
Владата исплати над осум милијарди денари субвенции кои земјоделците и тоа може да се провери. Владата, потенцира тој, аграрот го става во топ три гранки кои заслужуваат големо внимание.
– Изминативе 11 месеци по основ на заостанати субвенции, по основ на исплатени дополнителни интервентни мерки и тековни плаќања на субвенции исплативме преку 8 милијарди денари кон земјоделците, нагласи Николовски.
Во однос на законската регулатива, рече, на ЕНЕР може да се види законот за земјоделство и рурален развој кој минатата влада за 7 години ниту се обидела да го модифицира ниту ново законско решение. За зелената нафта рече дека е лошо решение и има многу аномалии. На некои земјоделци им се доделувале по околу 300 – 400 денари, што рече, е помалку од чинењето на самата картичка. Потребна е, додаде, модификација, реална пресметка на потребен дериват за производство.
Тој му одговори и за програмата за здрав оброк, истакнувајќи дека и таа ќе биде модифицирана зошто учениците и родителите не биле задоволни бидејќи се добивале производи од втора и трета категорија. Затоа, додаде ние ќе направиме тие да добиваат органски квалитетни производи.