
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Променливо облачно, попладне нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
Времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди.
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса времето во следните денови ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град, особено утре и во деновите од викендот.