fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Јапонски министер за земјоделие си поднесе оставка бидејќи кажа дека не купува ориз, туку го добива бесплатно

Министерот се извини за тоа што рече дека добива толку многу ориз од своите поддржувачи што не треба да купува, во екот на вртоглавиот раст на цените на оризот во земјата, јави агенцијата.

Јапонскиот министер за земјоделство Таку Ето денеска поднесе оставка откако коментарите што ги даде дека добива бесплатен ориз предизвикаа негативни реакции, јави новинската агенција Кјодо.

Ето се извини за тоа што рече дека добива толку многу ориз од своите поддржувачи што не треба да купува, во екот на вртоглавиот раст на цените на оризот во земјата, јави агенцијата.

Според локалните медиуми Токио деблокира околу 300.000 тони складиран ориз меѓу март и април во обид да ја намали цената на јапонската основна храна.

Кјодо цитираше податоци од Министерството за земјоделство кои покажуваат дека вкупната количина на ориз обезбедена од главните дистрибутери во земјата до крајот на јануари била намалена за 230.000 тони во однос на претходната година, и покрај зголемувањето на жетвата на ориз.

Премиерот Шигеру Ишиба првично изјави дека нема да го отпушти Ето поради запаливите коментари, но подоцна попушти под зголемениот притисок од опозицијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close