fbpx
Агро бизнисВестиМлад земјоделецТоп вести

Благојче Богоески – Производителите на пченица се во загуба ако откупната цена е под 18 денари за килограм

На прагот на жетвата земјоделците велат дека откупната цена на житото не смее да биде под 18 денари за килограм

Благојче Богоески е млад земјоделец од село Чепигово, прилепско, има 32 години, основал фамилија и останал да живее на село и да обработува ниви со тутун, пипер, жито.

Благојче обработува и своја земја, а зема и парцели под закуп. Вкупно работи над 70 декари земја и како што вели има се што му е потребно од механизација.

-Садам тутун, пипер, сеам житни култури. Годишно произведувам над 2 тона тутун, пиперка капија произведувам од 45 до 50 тони. Жито сеам на површина од 30 декари. Од целиот овој труд што го вложуваме како фамилија наисплатливо е да се работи тутунот, околу 500 денари по килограм со субвенција. Пиперките лани одеа околу 32 денари, просек, што беше добра цена. На откуп ја дадов во Обршани.  Годинава очекуваме пиперот да биде околу 35-36 денари за килограм на откуп, барем такво е расположението. Додека житото мора да биде околу 18 денари за килограм, оти ако е помалку е неисплатливо да се работи. Лани цената на житото беше едно ништо, само 10 денари за килограм, срамно е да се напомене. Јас прозводов околу 16-17 тони жито. Производството беше неисплатливо. Не вреди да се сее жито ако цената е како лани“, вели Благојче во разговор за „Зелена берза“.

Оттука нашиот млад земјоделец напоменува -Значи сега најисплатливо да се работи во земјоделието е тутунот, вели Благојче.

Благојче е категоричен дека младите по руралните општини подобро е да се занимаваат со земјоделие, отколку да работат по фабрики на смени.

Чепигово е живо село, вели Благојче каде нема празна куќа. Луѓето остануваат во селото, а она што им треба е изградба на канализациона мрежа.

-Подобро е да се работи земјоделие отколку во фабрика, накрај порачува нашиот млад земјоделец за „Зелена берза“.

Текст Анета Блажевска

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close