
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Стапија на сила измените и дополнувањата во Законот за дивеч и ловство
Дивечот во ловиштата се доделува на користење во период од 20 години. -Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни и странски правни лица регистрирани за дејност лов и траперство или општа клаузула за бизнис со регистрирана подружница во Македонија за лов, траперство и соодветни услужни дејности.
По долгиот период на застој, конечно го разрешивме проблемот со доделувањето на дивечот на користење во ловиштата, објави министерот Цветан Трипуновски.
– Донесовме измени и дополнувања во Законот за дивеч и ловство (01.07.2025), истите стапија на сила на 09.07.2025 година;
– Ги отстранивме законските пречки кои го блокираа процесот.
Објавен е Јавен повик Бр.01/25 за доделување на дивечот во ловиштата во следниве ловни реони:
Прилеп;
Крива Паланка;
Пробиштип;
Македонски Брод;
Гостивар;
Тетово;
Неготино.
-Дивечот во ловиштата се доделува на користење во период од 20 години.
-Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни и странски правни лица регистрирани за дејност лов и траперство или општа клаузула за бизнис со регистрирана подружница во Македонија за лов, траперство и соодветни услужни дејности.
Ова е значаен чекор за одгледувањето, заштитата, ловењето и користењето на дивечот, ловниот туризам како и други прашања од значење на дивечот и ловството.