
Агро бизнисВестиТоп вести
Трипуновски во Ресен – Ситуацијата со наводнувањето на земјоделските посеви е стабилизирана
Заостанатите субвенции за овоштарите се исплатени
Министерот Цветан Трипуновски и директорот на Платежната агенција Илија Стоилов остварија средба со преспанските земјоделци во Ресен. Министерот вели дека стабилна е состојбата со наводнувањето на овоштарниците и нивите, а субвенциите се исплатени.
„Имав можност да остварам средба со граѓаните од општина Ресен и да разговараме за преземените мерки и активности во изминатата година.
Ситуацијата со наводнувањето на земјоделските посеви е стабилизирана. Денеска има вода и нашите земјоделци не се оставени сами на себе, континуирано работиме на обезбедување на стабилно водоснабдување“, објави Трипуновски по средбата.
Нашата интенција е македонскиот земјоделски производ да се извезува и да се позиционира на меѓународните пазари.
„Заостанатите обврски се исплатени кон земјоделците, заедно со се тековните обврски се исплатени близу 10 милијарди денари. Исплатата и во наредниот период ќе продолжи. Ова е доказ за нашата посветеност кон земјоделскиот сектор“, напоменува Трипуновски.
Во земјоделството континуирано вложуваме, бидејќи веруваме во потенцијалот на земјоделците и квалитетот на македонските производи, вели министерот.
А.Блажевска