fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Стоилов – Исплатени субвенции на 1865 производители на јаболка

Максималната количина на јаболко која е прифатлива за финансиската поддршка е 60.000 кг по пријавен хектар од подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година. Висината на директните плаќања изнесува 2 денари по килограм.

Директорот на Платежната агенција, Илија Стоилов  извести дека ја реализираше исплатата на дополнителни директни плаќања од подмерка 1.9. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година за јаболка предадени кај регистрирани откупувачи или регистрирани преработувачки капацитети запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства кои се корисници на подмерката 1.8. од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година за одржување на постоечки јаболкови насади и оствареното производство на јаболка за период од 15 септември 2023 година до 15 јануари 2024 година го имаат предадено директно или преку еден регистриран откупувач кај регистрирани преработувачки капацитети или кај регистриран откупувач, запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи – овошје.

Максималната количина на јаболко која е прифатлива за финансиската поддршка е 60.000 кг по пријавен хектар од подмерка 1.8. „Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади“ од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2023 година.

Висината на директните плаќања изнесува 2 денари по килограм.

По оваа основа се исплатени 99.743.746,00 денари кон 1.865 корисници

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close