
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести
Следува нестабилно време со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме
Температурите во опаѓања
Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во текот на ноќта кон четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Во четврток наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Потоа во петок и сабота ќе биде претежно стабилно со благ пораст на дневната температура. Ново дестабилизирање на времето со локален пороен дожд и грмежи се очекува во недела и во првите денови од следната седмица.