
Агро бизнисВестиТоп вести
Уапсен пукачот од село Житоше, пукал со пиштол „Застава“
Полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода А.И.(47) од с.Житоше, општина Долнени
Полицијата соопшти На 04.08.2025 во 14:00 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп го
лишиле од слобода А.И.(47) од с.Житоше, општина Долнени, постапувајќи по
претходна пријава дека на 03.08.2025 сторил кривично дело „предизвикување
на општа опасност“, односно неовластено пукал од огнено оружје. Од него биле
одземени пиштол „Застава“ калибар 7.62х25мм, дозвола за поседување на
оружје и една празна рамка за куршуми. По целосно документирање на случајот,
против него ќе биде поднесена соодветна пријава.