
Без категорија
Да им се позлатат рацете – Младите земјоделци Ердован и Емине Исламоски сработија 150 хектари земја
Ердован и Емине Исламоски од Канатларци се пример за млад брачен пар, вредни земјоделци кои посветено, со љубов, разбирање и домаќински работат на својот имот и постигнуваат големи резултати.
Ердован и Емине Исламоски од Канатларци се пример за млад брачен пар, вредни земјоделци кои посветено, со љубов, разбирање и домаќински работат на својот имот и постигнуваат големи резултати. Обработуваат 150 хектари земја со различни земјоделски култури.
Годинава Исламоски посадија 7 хектари под тутун и 1 хектар под пиперка капија.
-Лани пиперката беше 30 денари за килограм, годинава не знаеме како ќе оди откупот, се надеваме на подобра цена, вели Ердован за Зелена берза.
Ердован и Емине годинава имаа посеано 70 хектари под пченица, на хектар имаат род по 4.500 килограми пченица.
-На откуп дадовме 200 тони пченица по цена од 12 денари за килограм, останатата пченица е складирана, вели Ердован. Под сончоглед имаат засадено 60 хектари површина. Со бостан имаат засадено 1 хектари.
А.Блажевска