
Агро бизнисТоп вести
Во Житоше истрелани куршуми од огнено оружје пред куќата на 36 годишен жител
Кој и зошто пукал во село Житоше?
СВР Битола известува – На 21.08.2025 во 03:03 часот во Полициското одделение Ропотово било пријавено дека во с.Житоше, прилепско, биле истрелани неколку куршуми од огнено оружје пред влезната врата од дворот на куќата, сопственост на Љ.С.(36) од с.Житоше. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на настанот.