fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски: Годинава се очекува берба од над 100 милиони килограми грозје

Годинава се очекуваат повисоки откупни цени

Зголемување од 25 проценти род во однос на лани, односно берба од над 100 милиони килограми грозје се очекувањата за оваа година. Цената за откуп на смедеревката за реколта 2025 година е 18,90 денари, а за вранецот 21,30 денари, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

 

Во изјавата дадена пред почетокот на конференцијата „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“, на која домашни и странски експерти ќе говорат за концепти, активности и предлози за надминување на предизвиците со кои се соочува лозарството, особено во услови на климатски промени, Трипуновски оцени дека тоа претставува сериозен напредок во производството на грозје, што е резултат и на мерките на Министерството за земјодлество.

– Тоа е еден сериозен прогрес затоа што сериозен акцент се вложи во водостопанството, меѓутоа апсолутно работиме во делот на подигање на новите насади. Знаете дека Министерството преку мерки помага и субвенционира подигање нови лозови насади и со самата навремена исплата на субвенциите доволен стимул да ги зголемуваме површините, меѓутоа и да работиме на квантитетот. Она што Министерството го спроведе согласно законот е истакнувањето на производната цена зголемена за 25 проценти истакната од винарските визби. Практично за неколку дена од денес ќе почне бербата на најголемите, односно најзастапените вински сорти, иако на другите таа веќе е во тек, нагласи Трипуновски.

Министерот најави дека се работи на зголемување на квантитетот на производство на грозје, а со самото тоа се очекува, вели, и извозот да биде уште поголем во наредниот период.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close