fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Николовски – Владата обезбеди поддршка за винариите, ама не и за лозарите

Минатата 2024 година беше прекината политиката за дополнителна поддршка кон лозарите од оваа Влада а веројатно тоа се случува и оваа година.

Владата на 29 јули 2025 година во сред одмори, донела одлука за поддршка на винариите од по 2 денари за секој литар произведено вино, без истото јавно да се соопшти и без притоа да обезбеди и донесе одлука и за дополнителна поддршка за лозарите за секој килограм произведено грозје, како што секогаш и секоја година сме правеле, објави поранешниот министер за земјоделие Љупчо Николовски.
-Секогаш отворено, транспарентно и партнерски и со лозарите и со винариите сме воделе аргументиран дијалог во рамки на министерството и транспарентно сме носеле и соопштувале одлуки за поддршката и кон лозарите и кон винариите.
Но минатата 2024 година беше прекината политиката за дополнителна поддршка кон лозарите од оваа Влада а веројатно тоа се случува и оваа година.
Ова доаѓа во време кога лозарите очекуваат да ја знаат производната цена на грозјето а таа цена да биде зголемена за минимум 25 % што е загарантирана откупна цена со закон а објавувањето на производната цена е и законска обврска согласно член 21 од новиот Закон за виното што го донесовме минатата година со цел да лозарите имаат за прв пат ГАРАНТИРАНА ЦЕНА, пишува Николовски.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close