fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Трипуновски -Охрабрување на младите луѓе да влезат во земјоделскиот сектор

Со поддршка на инвестициите преку програмата за рурален се вложува во модернизација и развој на земјоделството.

Како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, поврзани сме со животот и работата во руралните општини, објави Цветан Трипуновски, министер за земјоделие на отчетот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ под мотото „4 години работа за тебе”.
Според него преку програмата за финансиска поддршка во земјоделството со директните плаќања кон македонските земјоделци Владата помага на населението во руралните општини.
Со поддршка на инвестициите преку програмата за рурален се вложува во модернизација и развој на земјоделството.
-Изминатите 12 месеци објавивме неколку јавни повици за поддршка на населението во руралните средини преку грантови за:
• набавка на приклучна земјоделска механизација;
• инвестиции во опрема за производство на храна од животинско и/или неживотинско потекло од мал обем;
• инвестиции во опрема за производство на вино, алкохолни пијалоци и пиво од мал обем;
• набавка на трактори;
• набавка на системи против замрзнување;
• набавка на опрема за систем за наводнување-капка по капка, конструкција на бунари и други зафати на површина вода и итн.
Голем интерес имаше и на јавниот повик за млад земјоделец – одобрени се 117 апликации, што претставува охрабрување на младите луѓе да влезат во земјоделскиот сектор, објави Трипуновски .

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close